Костески: Заедно со публиката до победа против Словенија

Македонската машка ракометна репрезентација со многу поголема самодверба ќе ги прифаќа сите наредни предизвици во ракометна смисла, а причина за тоа е добриот настап кој го имаше нашиот национален тим на Светското првенство.Сега на ред се квалификациите за пласман на ЕП и дуелите со Словенија.

Македонија ќе одигра два натпревари против Словенија во краток временски интервал, а првиот е на програмата во Скопје во среда.

– Не очекуваат два тешки дуели против силна селекцика како Словенија. Сите знаеме за каков тим станува збор, не смееме да ги потцениме во ниту еден случај. Имаме неколку дена за подготовка, да ги дочекаме подготвени и очекувам полна сала на домашен терен. Сигурен сум дека ќе имаме огромна поддршка од навивачите, публиката може да не носи на тој натпревар во среда.

– Настапот на Светското првенство ќе ни биде само мотив плус за еден добар натпревар против Словенија. Нема да се предадеме, одиме на победа после добрите перформанси на мундијалот во месец јануари. Словенија има одлични индивидуалци, играат брз и модерен ракомет и целосно ќе ги анализираме наредниве неколку дена. Целта е да се подготвиме најдобро што можеме и да излеземе храбро на терен, – изјави Ненад Костески, репрезентативното десно крило кое настапува за Е. Пелистер.

Слични