Почина принц Фредерик: Имаше само 22 години
Луксембуршкиот принц Фредерик починал на 22-годишна возраст по долга и тешка битка со ретко генетско нарушување, соопшти неговото семејство.
На 14-годишна возраст, му била дијагностицирана POLG, генетско нарушување кое ја одзема енергијата на клетките на телото, предизвикувајќи прогресивна дисфункција и откажување на органите.
Тој пред три години ја основал Фондацијата POLG за да ја подигне свеста за оваа болест.
Неговиот татко, принцот Роберт, напишал дека на 28 февруари, Меѓународниот ден на ретки болести, ги повикал да разговараат за последен пат.
„Последното што го кажа е семејна шега на која долго се смеевме“, напишал меѓу другото.
Тој изјавил и дека принцот Фредерик починал на 1 март во градот на светлината – Париз и дека „една светлина е изгасната, но останале многу други светла“.