Тешко повреден мотоциклист, удрил во овци

На 09.03.2025 во ОВР Неготино било пријавено дека околу 12.30 часот на локален пат село Дрен – село Чифлик, општина Демир Капија, мотоцикл со неготински регистарски ознаки, управуван од А.Б.(48) од Неготино, удрил во овци.

-Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во општа болница Кавадарци, информира МВР.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино.

Слични