ФОТО: Предлог заклучокот, доколку мнозинството пратеници ја поддржи интерпелацијата и ѝ изгласа недоверба на Весна Дамева

На собранискиот дневен ред се петте интерпелации за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието – Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Селим Адеми. Зад иницијативата, поднесена на 7 февруари, застанаа 67 пратеници од владејачкото мнозинство, но за нивното заминување од функциите ќе треба да одлучат самите, а така налага и Законот за Судски совет.

Во образложенијата за поднесените интерепелации објавени на собраниската веб-страна се посочува дека се поднесуваат заради недоследно спроведување на надлежности, особено заради негрижа, односно нарушување на угледот на судиите и загрозување и нарушување на довербата на граѓаните кон судството, а со тоа и на целиот правосуден систем, односно судството во целина.

Долку мнозинството пратеници ја поддржи интерпелацијата и изгласа недоверба на Весна Дамева како член на Судскиот совет на Македонија, таа ќе биде разрешена од функцијата. Ова значи дека нејзиниот мандат ќе престане предвремено, согласно законските одредби што го регулираат работењето на Судскиот совет.

По разрешувањето, ќе се отвори постапка за избор на нов член кој ќе ја пополни испразнетата позиција, според процедурите предвидени со Уставот и законите.

Ова е Предлог заклучокот, доколку мнозинството пратеници ја поддржи интерпелацијата и ѝ изгласа недоверба на Весна Дамева, член на РСС.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, пак велат дека правдата не е изборна опција, туку национална обврска!

Македонија бара правда, време е да ја испорачаме, потенцираше пратеникот Драган Ковачки.

-Во Македонија предолго гледавме како правдата беше злоупотребувана, како криминалот се штитеше преку корумпирани судии и јавни обвинители, а институциите што треба да ја гарантираат правдата беа заробени од партиски и бизнис-интереси.

Денес, кога ВМРО-ДПМНЕ ја има честа, но и одговорноста да ја води оваа држава, нема да дозволиме овој криминален систем да продолжи да функционира!
Правдата не е изборна опција, туку национална обврска!

Еден од најголемите столбови на овој корумпиран систем е Судскиот совет – тело кое наместо да ја гарантира независноста на судството, беше претворено во заштитник на криминалците од врвот на СДСМ и ДУИ!, вели Ковачки и додава:

„Ова се Фактите што не смееме да ги заборавиме:
• Судскиот совет има 2% доверба кај граѓаните! Ова не е институција што ужива почит, ова е тело што служеше за политичка и бизнис-мафијата даги штити своите луѓе од одговорност.
• Поранешната претседателка на Судскиот совет сама призна дека е уценувана и под притисок од судско-бизнис елити, но никогаш не кажа имиња. Никогаш не кажа Кој стои зад тие елити? Кого заштитуваше Судскиот совет?
• Ова тело не покрена ниту една сериозна постапка против судии кои очигледно работеа под политички и бизнис-диктат! Наместо да го брани законот, го бранеше криминалот.
• Некои членови на Советот гласаа за важни одлуки преку Viber, од одмори во странство и случајно им се прекинуваа телефонските линии токму во момент на гласање!
Сега е моментот за одлука – правда или криминал?!
ПГ на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на правдата!
Оваа интерпелација не е политичка пресметка, туку прв чекор кон демонтирање на коруптивниот систем создаден од власта на СДСМ и ДУИ во изминатите седум години.
Затоа, ги повикуваме и сите опозициски партии– да го покажат својот вистински став кон правдата! Дали ќе застанат на страната на правото, или пак ќе продолжат да го бранат криминалот на Зоран Заев, Венко Филипче и останатите функционери од нивната власт кои со години ја злоупотребуваа државата?
Ова не е прашање на партија, туку прашање на иднината!
Ние, како парламентарно мнозинство, сме должни пред граѓаните, пред идните генерации, пред оние кои заслужуваат да живеат во држава со правда, да донесеме одлука со која конечно ќе се стави крајна политичката контрола врз судството.
Ова не е само наша борба – ова е тест за секој пратеник во Собранието, независно од која партија доаѓа. Денес секој ќе треба да одлучи – дали е на страната на правдата или на страната на криминалот!

Нашите пораки се јасни:
1. ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа ЗА интерпелацијата!
2. ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе реформи со кои конечно ќе ставиме крај на партизацијата на судството!
3. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ниту еден криминалец да избега од правдата само затоа што некогаш бил на власт!

Судството мора да биде независно! Судскиот совет мора да биде ослободен од партиските влијанија!
Затоа, денес е денот кога сите треба да се погледнеме во огледало и да си поставиме едноставно прашање: Што ќе им оставиме на идните генерации? Заробена држава или вистинска правда?
Граѓаните бараат одговорност! Македонија бара правда!
Време е да ја испорачаме!
Затоа гласаме ЗА!“.

Слични