Фудбалер на Атлетико. М се соочува со сериозна суспензија

Анхел Кореа, играчот на Атлетико Мадрид, беше исклучен на мечот со Гетафе. Тој прво доби жолт картон за остар старт во 86-та минута, но по прегледување со ВАР му беше покажан црвен картон.

Според медиумските извештаи, Кореа го навредил главниот судија и ја споменал неговата мајка на недоличен начин. Ова однесување може да резултира со суспензија и до 12 натпревари за него.

 

Слични