Мисајловски- Санчез Де Лара: Зајакнување на соработката и за заштитата на македонското небо, како дел од воздухопловното патролирање на Алијансата (NATO Air Policing)

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари работна средба со генерал потполковник Хуан Пабло Санчез Де Лара, командант на НАТО Центарот за комбинирани воздушни сили во Торехон, Шпанија (CAOCT).

-Разговаравме за успешниот придонес на Македонија во овој капацитет, за зајакнување на соработката и за заштитата на македонското небо, како дел од воздухопловното патролирање на Алијансата (NATO Air Policing) во соработка со националните воздухопловни оперативни центри, пишува Мисајловкси на Фејсбук и додава:

„Мисијата на Центарот е дел од клучните столбови на колективната одбрана на Алијансата кој овозможува подеднаков стандард на обезбедување на небото на секоја од државите членки на НАТО“.

Слични