Три лица повредени во сообраќајна несреќа, две од нив се малолетни
На 10.03.2025 во 19:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Велгошти, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(24) од с.Велгошти и мопед „лонгиа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Лешани, општина Дебрца.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мопедот, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал мопедот и возачот Д.Ш., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница – Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.