ВИДЕО: Венди Вилијамс снимена како држи лист хартија со натпис „помош“, заврши во болница
Поранешната водителка Венди Вилијамс беше хоспитализирана откако беше снимена како стои пред прозорецот на домот за стари лица во Њујорк.
Таа држела парче хартија на кое напишала: „Помош! Венди!!“.
Извор од полицијата за „Њујорк пост“ изјавил дека била спроведена во возило на брза помош, по што била пренесена во болница.
Нејзините адвокати кон крајот на минатата година изјавија дека таа била прогласена за когнитивно оштетена и трајно неспособна. Нејзиниот тим рече дека во 2023 година и била дијагностицирана примарна агресивна афазија и фронтотемпорална деменција.
Сепак, таа ја негира оваа дијагноза и побара од судијата да и го прекине старателството на Сабрина Морисеј. Вилијамс тврди дека може повторно да функционира независно.
Таа изјавила и како била „заробена“ со постари пациенти во центарот за нега.
„Изолирана сум. Ја чувам вратата затворена. Гледам телевизија. Слушам радио. Гледам низ прозорецот. Седам овде, а животот ми поминува покрај мене“, рече таа.
Таа исто така тврди дека има 15 долари на банкарската сметка.