Започна целосна реконструкција на улицата „Симче Настевски” во населба Радишани
Во општина Бутел од денес започна целосната реконструкција на улицата „Симче Настевски“ во населба Радишани.
По повеќе децении лажни ветувања на надлежните, општина Бутел го исполни најголемото барање на граѓаните.
-Улицата е во должина од 500 метри и површина од 2500 метри квадратни. Реконструкцијата на улицата „Симче Настевски“ е дел од големата градежна офанзива – проект за реконструкција на 70 улици во износ од 150 милиони денари, потенцираа од општината.
Општина Бутел останува посветена на инвестиции во инфраструктурата и подобрување на животот на граѓаните во секое населено место.