Сиљановска-Давкова на 12. Глобален форум во Баку: ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на 12. Глобален форум во Баку, на сесијата на тема „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“.
Таа повика на суштински реформи коишто ќе ги направат глобалните институции полегитимни, поправедни, поефективни и подоследни во исполнувањето на Повелбата на Обединетите нации. Воедно, истакна дека иако се застарени, Обединетите нации сепак се единствената организација којашто, освен универзален легитимитет, има потенцијал за да ги адресира проблемите.
Во обраќањето го реафирмираше членството во Европската Унија како стратешка цел на државата. Посочи и дека не отстапуваме ниту од нашето стратешко партнерство со САД.
Побара јасен интегративен пат, базиран на принципи и правила.