ДИЖС: Во рудникот Тораница дошло до пукање на главниот цевковод за технолошка вода

На ден 14 март по добивање на информација по е-пошта и телефонска комуникација со одговорното лице за животна средина за случен еколошки инцидент, од страна на двајца државни инспектори за животна средина од Крива Паланка-Зоран Стојнев и Пробиштип-Благој Игновски од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Североисточен и Источен регион, врз основа на налог за вонреден инспекциски надзор издаден од в.д директор на ДИЖС м-р Ивана Гиновска извршeн е вонреден инспекциски надзор на лице место во правниот субјект БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница Крива Паланка кој поседува А-Интегрирана Еколошка Дозвола издадена од МЖСПП, Управа за животна средина, а надлежна институција за вршење на инспекциски надзор е ДИЖС, објави Државен инспекторат за животна средина на својот фејсбук профил.

-При вршење на вонредниот инспекциски надзор на лице место беа присутни претставници од горенаведениот правниот субјект Антонио Антовски и Стојанче Велков, а од изјава на одговорното лице сме известени дека на ден 14.03.2025 година во 6:30 часот дошло до пукање на главниот цевковод за технолошка вода во должина околу 6 метри. Со овој цевковод се снадбува со технолошка вода погонот Флотација. Овој цевовод ги зафаќа јамските води и дел од Тораничка река. При пукање на цевката со димензии ф-350 и поради големиот притисок кој доаѓа од големата висинска разлика, водата се излеала низ индустрискиот круг и во делот кај главниот влез во рудникот се влеала во Тораничка река каде дошло до заматување на истата, по што како така заматена вода се влеала во Крива река, соопшти Државен инспекторат за животна средина.

-Од изјава на одговорните лица ДИЖС е известен дека јамската вода која се користи како технолошка е механички заматена од работните активности во јамските простории односно движење на јамската механизација, движење на работниците во просториите и други работни активности. Околу 15.00 часот е заменета целосно цевката, со што е отстранета опасноста од понатамошно неконтролирано излевање на јамска вода, стои во објавата.

По комплетирање на целосната документација и инспекциската постапка, ДИЖС ќе има посебен пост за превземените мерки и санкции спрема правното и одговорното лице во правното лице предвидени со законската регулатива, надедуваат од Државен инспекторат за животна средина.

Слични