Македонските кошаркари добија поволна група и ги избегна фаворитите
Македонската кошаркарска репрезентација ги дозна своите противници во претквалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи во 2027 година.
Нашите момчиња од вториот шешир ја започнаа ждрепката и се најдоа во групата Б, заедно со селекциите на Романија и Унгарија.
Може да се каже дека имавме малку среќа, затоа што ги избегнавме првите фаворити во овој циклус – Бугарија и Хрватска.
Претквалификациските натпревари ќе се одиграат во август годинава. Овој филтер е првиот на патот кон новиот кошаркарски Мундијал.