Скопјaнец лишен од слобода се заканувал на инспектор од АХВ
Вчера во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Б.(40) од Скопје затоа што агресивно се однесувал и со тврд предмет упатувал закани на ветеринарен инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство додека извршувал службени дејствија, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, наведуваат во соопштението.