Двоецот на Мекларен стартува од првиот ред во Мелбурн
Пол-позицијата на Ландо Норис и второто место на Оскар Пјастри во квалификациите за големата награда на Австралија потврдуваат дека ни претстои возбудлива трка на стартот од новата сезона во Формула 1.
На патеката Алберт Парк во Мелбурн, Норис стигна до десеттата пол-позиција со круг од 1:15.096. Тој забележа време подобро за две десетинки во однос на клупскиот колега Оскар Пјастре и половина секунда пред светскиот шампион Макс Верстапен во Ред Бул. Во вториот ред се најде уште Џек Расел од Мерцедес.
Најпријатното изненадување на квалификациите е возачот на Рејсинг Булс, Јукио Цунода, кој ќе стартува петти, Алекс Албон од Вилијамс заврши како шести, а по него следува дуото на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон.