Голема трагедија во Кочани: Ноќеска се запали дискотека, има десетици жртви (Видео)
Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови.Бројот на жртви засега никој него знае,се спомнуваат 20,50 и до 100 жртви.
Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа против пожарни екипи од сите градови на околината,како и возила и медицински екипи.
Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Кочани,с е случила од светлосните ефекти во диското за време на концерт на групата ДНК, пренесе Телевизија Кочани.
Како што пренесе Радио Кочани, на местото на настанот има стоитци жртви, мегу нив и жртви.
„Возилата на ТППЕ, возилата на итна помош не се доволни да ги спасат повредените деца кои буквално лежат на улица, додека дискотаката се уште е во пламен. Цивилни возила доаѓаат од сите страни за да помогнат и се упатуваат во правец на општата болница во кошани“ , со овие зборови Радио Кочани ја пренесува сликата од овој настан.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе се наоѓа нна местото на несреќата и се очекуваат првите информации за трагедијата. Кон местото на несреќата се упати и премиерот Христијан Мицкоски.