Илир Мета: „Нашите молитви се со жртвите и нивните семејства“
Со длабока тага и шок ја примив големата трагедија во Кочан, Северна Македонија. На овој тежок ден, јас и Партијата на слободата изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите за големите и незаменливи загуби и се молиме за брзо закрепнување на преживеаните! Ја пренесувам нашата целосна солидарност до премиерот Христијан Мицкоски, властите и граѓаните на соседна и пријателска Северна Македонија и стоиме покрај нив во овие болни моменти! – Стои во постот на претседателот на партијата на Слободата, Илир Мета.