Пелистер го совлада Чаир

Кошаркарите на Пелистер добија уште една битка со Чаир 2030, трета во натпреварувачката 2024/2025

Клубот од Битола беше подобар од скопскиот тим во првиот првенствен меч, потоа во Купот, а оваа вечер го доби на негов терен во шампионатот со 69:64.

Беше неизвесно и драматично до самиот крај, средба во која гостите подобро се снајдоа во завршницата и дојдоа до 12. славје во Првата лига.

Мишковиќ со 20 поени беше прв стрелец, ама одлична поддршка му беа Галовеј и Антоан со по 15 кошеви. Какруки запиша дабл-дабл кај поразените од 20 поени и 10 скока.

Слични