Инзаги за победата над Аталанта: Убаво е да се гледаше како игра Интер

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги пофали своите фудбалери за прикажаното на натпреварот од 29. коло од Италијанското првенство против Аталанта.

Интер во Бергамо славеше победа со 2:0, нанесувајќи го петтиот пораз на Аталанта оваа сезона.

– Слушам многу дебати и прогнози. Интер можеби нема да освои ништо, тоа е спорт. Ние сме среќни што имаме можност да играме на многу турнири. Вечерва заслужено победивме и ќе продолжиме во истиот дух. Убаво беше да се гледа како игра Интер, изјави Инзаги по натпреварот.

По овој натпревар, Интер е на првото место на првенствената табела со 64 бодови, додека Аталанта е на третото место со 58 бодови.

Слични