Лоша вест од Копер, Марко Митев ги повреди лигаментите на коленото
По само 18 минути игра на ракометниот дуел помеѓу машките ракометните репрезентации на Словенија и Македонија се повреди еден од најдобрите македонски репрезентативци и член на РК Алкалод, Марко Митев.
Уште на снимките од повредата можеше да се види дека повредата е сериозна, Марко беше изнесен на носилки, а првичните прогнози се дека станува за преден вкрстен лигамент.
Митев ќе оди на нови прегледи во Скопје по што ќе бидат позноти сите детали, дали ќе бидат потврдени првичните прогнози и дека станува збор за преден вкрстен лигамент, што пак би значело долга пауза и голем удар за Македонија во најважните битки за пласман на ЕП 2026 и за Алкалоид во продолжение на сезоната.