Милан Стојановски понуди помош за фамилиите на повредените кои се пренесени во Белград!
Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Милан Стојаноски, се реши да им излезе во пресрет и да им помогне на семејствата на чии деца се лекуваат во Белград.
Поранешниот фудбалер живее во српската престолнина Белград и се нуди за каква било помош за семејствата на повредените.
„Само што ме контактираше нашиот поранешен репрезентативец Милан Стојаноски. Тој живее во Белград и се понуди за каква било помош за фамилиите за сите оние повредени кои што се префрлени во Белград за лекување. Значи нашиот голем Милан ви стои на располагање. Нуди сместување и било каква помош. Ти благодариме Брат мој. Контакт Телефон +381 65 8222 888“, стои во објавата на Панче Ќумбев, поранешен соиграч на Стојаноски во дресот на Македонија.