ОФМ ги одложи сите натпревари
Одбојкарската федерација на Македонија ги одложува натпреварите од редовните кола предвидени за престојниот викенд (22/23 март) во сите натпреварувачки категории, како и заостанатите натпревари коишто требаше да се одиграат во текот на оваа работна недела, во знак на сочувство и солидарност кон семејствата на загинатите и настраданите во трагедијата во Кочани.
Владата на вчерашната седница донесе одлука за седумдневна жалост на територијата на цела држава по страшната трагедија која се случи во Кочани.
-Предвидените натпревари, согласно Календарот за натпреварување, како и заостанатите натпревари ќе се одиграат во средината на следната недела во договор со клубовите, информираат од Федерацијата.