Бах: Боксот ќе биде дел од Олимписките Игри во Лос Анџелес 2028 година

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах му препорача на Генералното собрание да го вклучи боксот во програмата на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Бах изрази „увереност“ дека ќе биде донесена одлука за вклучување на боксот.

– Значи, боксерите од целиот свет ќе имаат сигурност дека можат да учествуваат на Олимписките игри во Лос Анџелес – додаде тој.

Одлуката следи по привременото признавање на младата меѓународна федерација „World Boxing“ во февруари, со што ја исфрли од олимпиското движење Меѓународната боксерска федерација (ИБА) под руско влијание.

„World Boxing“ е основана во 2023 година, а на крајот на минатиот месец броеше само 78 членови, значително помалку од другите признати спортски организации.

Слични