Зафировски: Македонија треба да доживее целосен ресет, како нација пиеме горчлива чаша – за жал ова е момент кога се прекршуваат работите!

-Во повеќе наврати сум кажал дека Република Македонија треба да доживее целосен ресет на сите институции во државата, една катарза. Мислам дека ова е тој момент кога се прекршуваат работите, за жал велам многу горчлива чаша пиеме, како држава, како нација со ова што се случи. Меѓутоа сметам, ова е моментот кога нештата ќе се прекршат и ќе тргнат во една друга насока, вели Зафирофски.

Граѓаните на Република Македонија веќе децении наназад очекуваат да профункционира правната држава, да се побезбеди правда за сите, а не само за оние кои што можат да си ја купат, додава Зафировски.

-Пријатно сум изненаден, ако можам да кажам така. Со транспарентноста што ја гледаме цело време. Граѓаните се држат во тек со се она што се случува. Имаме прес конференци на министерот за здравство, на министерот за внатрешни работи, на министерот за надворешни работи, на премиерот. Цело време нацијата се држи во тек со се онашто се случува. Имаме изјави и од Републичкиот јавен обвинител Коцевски, и Ангелов од време-навреме. Така што, за првпат е тоа што ме уверува дека стварно ќе се случи, она што треба да се случи. Она што граѓаните на Републиака Македонија го очекуваат, веќе децении наназад. Да профункционира правната држава, да се побезбеди правда за сите, а не само за оние кои што можат да си ја купат, додаде Зафирофски.

Слични