Јаневски: Тридецениското акумулирање и недејствување на правната држава, најголема причина за трагедијата

Акумулирање на недејствување на правната држава, тоа е тридецениско, трае. Кулминацијата ја доживеа последните седум години кога после 27-ми април тотално беше разрушена и она малце од државата што функционираше за да се протурка инсталирањето на Заев и да се протурка грчкиот договор. Им беше дозволено да прават се што сакаат и системот тотално беше девалвиран, едноставно престана да постои, изјави во вчерашното гостување во емисијата „За или против“ искусниот новинар Дарко Јаневски во однос на трагедијата што се случи во Кочани, а ја погоди цела Македонија.

Имаме прописи, меѓутоа никому не му е грижа за тие прописи, вели Јаневски.

-Ние имаме прописи, меѓутоа никому не му е грижа за тие прописи. Ете гледате како функционирало тоа со лиценците. Прашање е што во овие 9 месеци после минатите избори, можеше повќе да се стори. Меѓутоа во прицип тоа е тоа. Македонија, во име на тие наводни повисоки цели, НАТО и ЕУ и тоа странско замешателство, да се потсетиме на неуставното формирање, на оној башибузук наречен СЈО, па онаа револуција кога ја носеа Катица на мајци, па чарлиеви ангели, па незнам што. Нивните бонуси, еве гледате се влечи и ден денешен и сегашниот обинител не им дава на обвинителите, на Цветановски и Хајрулахи да ја истераат работата до крај, рече Јаневски.

Требаше трамповски да се настапи уште од првиот ден, да не се остави да се чека смета Јаневски.

-Тоа е само еден пример, еден сгмент. Сето тоа беше неуставно. До Уставниот суд имаше дури поднесоци да се испита формирањето на тоа СЈО. Ова е најпластичен пример за да доловам до каде дојде работата, бидејќи во Уставот стрикно стои дека постои единствено Јавно обвинителство, неможе да постои паралелно обвинителство, тоа е пара држава. Но, Уставниот суд преставките, барањата за поведување иницјатива ги чуваше фиока, не смееше да постапи. Тоа е само пластичен пример, земетего само тоа и проширетего на цела држава, од највисоко до најниско ниво, до портирот, до чуварот во некоја институција. До таму е метастазиран системот, што ова му доаѓа некаква последица на тоа. За жал со многу деца, многу жртви. Како што реков, прашање е дали можеше и што повеќе можеше да се стори? Мојата теза е, требаше повеќе трамповски да се настапи уште во првиот ден, да не се остави да не се чека, смета Јаневски.

Слични