Нов биланс на загинати во Појасот Газа: Најмалку 970 за 48 часа

Министерството за здравство на Појасот Газа, кој е под контрола на Хамас, денеска соопшти дека во израелските напади во изминатите 48 часа загинале 970 луѓе.

Бројот на загинати од почетокот на војната во Појасот Газа, за кој министерството објави во понеделникот, изнесува 48.577, а во новиот извештај има 49.547 жртви.

Израел продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа во понеделникот вечерта, прекршувајќи го прекинот на огнот што започна на 19 јануари.

Слични