Сочувство за трагедијата во Кочани од Комитетот за национални малцинства на Албанија

Сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани изрази Комитетот за национални малцинства на Албанија, а на повредените им посакува побрзо закрепнување.

– Комитетот за национални малцинства изразува длабоко и искрено сочувство до семејствата на жртвите и до сите граѓани во земјата. Ги упатуваме нашите најискрени молитви и најдобри желби за брзо и целосно закрепнување на повредените, стои во објавата.

Комитетот за национални малцинства е владин орган, во кој членуваат претставници на деветте малцинствата признати со Законот за малцинства, а претседател е Константина Бежани, претставничка на грчкото малцинство.

Член на Комитетот е и Марјана Костофски – Фелах, претставник на македонското малцинство.

Слични