Митева: Од 23 објекти со лиценца констатирано е дека 13 не исполнуваат минимум технички услови
На денешната прес-конференција за медиуми се обрати портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева со д-р Игор Мерџановски и министер за образование и наука Весна Јаневска.
Во изјавата Митева истакна дека ќе ги даде информациите за работата на Државен Пазарен Инспекторат и до каде е со превземените активности заклучно со вчерашниот ден.
-Вкупно 82 контроли со записник, имаку се многу повеќе за кои што сеуште трае анализата и контролата, рече Митева.
-По Закон за угостителска дејност, тука се вклучени сите, кабаре, дискотека, надзори под Закон за угостителска дејност на цела територија. Состојбата е следна: Од 23 со лиценца констатирано е дека досега 13 не исполнуваат минимум технички услови, при што се изгодтуваат решенија до Министерство за економија за одземање на лиценца и че бидат издадени решениза за забрана за вршење на дејност, изјави портпатолот на Валадата, Марија Митева.
„Кај пет правни субјекти коишто се регистрирани како кабаре, диско и коишто се со истечена лиценца, а е утврдено дека работеле изминатиов период, сакам да информирам дека се издадени решенија за забрана на вршење на дејност.
Кај останатите 41 кафич, клуб, кај 30 од нив константирани се неправилности по закон за угостителски дејности“, изјави Митева.