Доктор Јовчески за КУРИР: Две девојки повредни во пожарот кои се лекуваа на Детска хирургија се во стабилна состојба, денеска ќе бидат испишани
Двете девојки повредени во пожарот во Кочани, кои се лекуваа на Универзитетска клиника за детска хирургија, се во стабилна состојба и денеска ќе бидат испишани.
Ова за КУРИР го потврдува директорот на Универзитетска клиника за детска хирургија, Лазо Јовчески.
-Состојбата на двете девојки на возраст од 20 и 22 години е сосема стабилна. Дадов налог пациентките да се подготват за испис и сметам дека денеска ќе бидат испишани, вели доктор Јовчески за КУРИР.
Инаку, во моментов во Македонија се лекуваат вкупно 54 пациенти. Од нив најмногу, 46-мина се на скопските клиники и болници. 8-мина пациенти се лекуваат во приватни болници.
26 се во Клинички центар, 3 пациенти се во КАРИЛ, на пластична хирургија 6, токсикологија 11, пулмологија двајца, детска хирургија двајца, торакална хирургија 1 и офталмологија 1, во градска болница 8ми септември се 10 пациенти и во градска општа болница хируршки клиники се уште 10 пациенти.
Кај некои пациенти кои се лекуваат и во Македонија и во странство веќе се прават и други оперативни зафати на кожата и се што треба.