Панди Јани: Секој глас за Еди Рама и неговата коалиција е за уништување на Македонците!

Секој глас за Еди Рама и неговата коалиција е за уништување на Македонците, порача во своето соопштение претседателот на Партијата на Слободата во општина Пустец и македонскиот активист, Панди Јани.

Почитувани,

Сега е времето да се дигнеме со достоинство и одлучно да кажеме: ДОСТА Е!

Да излеземе масовно и да гласаме против Еди Рама!

•Затоа што тој ја дозволи и поддржа асимилацијата на македонската заедница – молчеше кога не бришат од пописите, кога ни го негираат јазикот, културата и идентитетот.

•Затоа што владее преку страв и уцени, а не преку правда и еднаквост.

•Затоа што го претвори пописот во алатка за статистичко бришење на Македонците и ја отвори вратата за лажни „бугарски“ проекти и мисионери.

•Затоа што ја купи тишината на некои од нашите претставници, кои наместо да се борат, избраа фотелја и коалиција.

Овие избори не се само за партии – ова се избори за опстанок, за идентитет, за достоинство!

Ако Македонската партија беше искрена, ќе настапеше самостојно, со чиста визија и јасна пратеничка листа. Но наместо тоа, таа одбра да му слугува на истиот тој Еди Рама.

Затоа, излезете масовно! Гласаме ПРОТИВ Еди Рама! ПРОТИВ политичка трговија со македонските права!

Време е да се обединиме!
Време е нашиот глас да се чуе!

Слични