Дарио Шариќ се враќа во АБА лигата?

Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Дарио Шариќ сезонава требаше да биде замена за Никола Јокич, но тој одигра само 15 натпревари, а во ротацијата пред него влезе дури и 36-годишниот ДеАндре Џордан.

Сите овие знаци беа доволни дека треба да ја раскине соработката со НБА франшизата, а за неговите услуги најзаинтересиран е амбициозниот тим на Дубаи, кој се натпреварува во јадранското друштво.

Според неколку извори, Шариќ веќе ги договорил личните детали со Дубаи и наскоро се очекуваат повеќе информации околу времетраењето на договорот и неговата заработка.

Тимот од Обединетите Арапски Емирати сезонава првпат „плови“ на Јадранот и досега забележа учинок од 19 победи и пет порази. Уште повеќе изненадува оваа одлука, ако се знае дека за Шариќ заинтгересиран беше и Реал Мадрид.

 

Слични