Панди Јани за лажните вести за граничниот премин Стење пласирани од страна на Македонска алијанса
Македонскиот активист Панди Јани излезе со остро соопштение до јавноста во кој ги осудува манипулациите и лагите изнесени во јавност за граничниот премин Стење.
Ги демантираме најостро сите измислени дезинформации пласирани од страна на Македонска алијанса – општина Пустец, во врска со наводни проблеми на граничниот премин Стење. Јавно ја информираме македонската јавност дека преминот работи и продолжува да работи непречено, како и досега.
Важно е да се нагласи дека секоја проверка се врши од албанска страна и е насочена исклучиво кон државјани на Албанија од албанска националност, додека Македонците од Мала Преспа непречено го користат граничниот премин без никакви проблеми. Досега нема ниту еден случај на задржан Македонец или направен инцидент.
Овие намерно пласирани дезинформации се само дел од континуираната штета што одредени поединци ѝ ја прават на македонската држава и на нашиот народ во Албанија. За ваквото неодговорно однесување и сервилност кон власта на Еди Рама, поданиците и политичките заробеници на неговиот режим треба јавно да се извинат.
Ние остануваме доследни и посветени на вистината и правдата.
Секогаш сме овде и секогаш ќе се бориме против неправдите кон Македонците во Албанија, порача Панди Јани.