Таравари: 8 пациенти се пуштаат на домашно лекување, а 9 се враќаат
По повод новата состојба на пациентите од пожарот во дискотеката во Кочани, министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека има добра вест за четворицата пациенти кои се во критична состојба и се на лекување во странство.
Министерот за здравство, Арбен Таравари информира дека има добри вести од странство во поглед на повредените пациенти во кочанската дискотека. Остануваат 91 пациенти, а девет се враќаат денеска во земјава.
Според него, има добри вести и за критичните четири пациенти кои се лекуваат во странство.
-Иако се се уште во тешка состојба, тие се во подобрена во однос на вчерашниот ден. Оптимист сум дека и тие ќе се подобруваат – такви ми се информациите. Одредени лабораториски параметри покажуваат дека денеска има подобрување. Сепак, секогаш мораме да бидеме претпазливи. Кога ќе бидат подобри, ќе ве известиме. Засега овие се информациите, рече министерот, навестувајќи дека утре се враќаат двајца пациенти од Шведска и Литванија.
Таравари повтори дека лекувањето за сите пациенти е нула денари и е обезбедена авионска карта и сместување за двајца членови од семејствата на лицата кои се лекуваат во странство. Тој е дециден дека се покриени сите трошоци на пациентите – од спиење и лекување до транспортот.
Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска даде изјава за медиумите за состојбата на пациентите каде што се лекуваат од трагичната несреќа во Кочани.
По 11 дена ние имаме нула смртни случаи по трагичната несреќа, потенцира министерот Таравари.
https://www.facebook.com/kurir/videos/1231207278636077