Ивановски го загуби финалето во Опатија

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски загуби во финалето на турнирот во Опатија, Хрватска.

Во мечот за трофејот подобар од Ивановски денес беше домашниот тенисер и прв носител на турнирот Лука Микрут со 6:3 и 7:6(4).

Иваносвки на турнирот одигра осум меча од кои три во квалификациите и пет на главен турнир и забележа седум победи.

Ова за Ивановски е деветто финале во кариерата, а има пет турнирски победи, последната во 2023 година во австрискиот Крамсах, но поради повреда ја пропушти целата сезона во 2024 година.

Слични