Нова сприт победа на Марк Маркез
Марк Маркез продолжува да доминира во класата Мото ГП, а по спринтот на патеката Остин го има максималниот учинок во новата сезона, 5 од 5.
Спринт трката во САД имаше бурен старт, Бањаја успеа брзо да се пробие од шестата на лидерската позиција… Но Италијанецот не издржа долго во битката со браќата Маркез.
Набрзо се беше решено, борбата меѓу двајцата возачи на Дукати беше кратка, Марк го зазеде првото место, а зад него се најде неговиот помлад брат Алекс, па Бањаја мораше да се задоволи со третото место.
Фабио Ди Џанантонио се најде на четвртото место пред неговиот тимски колега Франко Морбидели.
Фабио Квартаро може да биде задоволен со шестата позиција, а зад него е Педро Акоста. Потоа следеа Лука Марини, Аи Огура и Марко Бецеки. Главната трка се вози во недела од 21:00 часот.