Две женски тепачки поради недоразбирање во сообраќајот

Во текот на вчерашниот ден во полиција биле пријавени два напади поради недоразбирање во сообраќајот меѓу женски возачи.

На 30.03.2025 во 21:20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Т.(41) и М.Л.С.(52), двете од Скопје.

На 29.03.2025 околу 18 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Радишани, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(29) и Л.Д.(30), двете од Скопје.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Слични