Светскиот ден на шегата, нема да се одбележува во Македонија поради трагедијата во Кочани
Денеска е Светски ден на шегата – ден резервиран за креирање разни шеги и практични шеги со задолжителниот извик „Априлилили“
Во Македонија оваа година нема да се одбележува со големи настани, поради трагедијата во Кочани пред две недели. Сите настани кои традиционално се оддржуваат на овој ден, се откажани.
Иако потеклото на овој празник е сè уште мистерија, тој е прифатен во многу култури ширум светот.