Без струја утре дел од Шуто Оризари и Зелениково
Без електрична енергија утре од 8:30 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Гарсија Лорка“ во Општина Шуто Оризари.
Во периодот од 9:00 до 16:00 часот утре без струја ќе бидат корисниците од Градовци, Тисовица, Гумалево, Пакошево, Спектар Комерц, Добрино, Дејковец, Ново Село и Пакошево во Општина Зелениково.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа.