Болоња со голем исчекор кон финалето на италијанскиот куп

Болоња синоќа го совлада Емполи на гостински терен со убедливи 3:0 во првиот натпревар од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Италија.

Головите ги постигнаа Рикардо Орсолини и Теис Далинга (два). Ден Ндоје креираше две асистенции.

Реваншот ќе се одигра на 24 април на теренот на Болоња.

Во другата полуфинална пресметка ќе се соочат Милан и Интер (2 и 23 април).

Слични