Од спортска арена до катастрофа: Сведоштва откриваат скандали за „Нико Нестор“-Струга
Деновиве на социјалните мрежи стана вирална објавата од еден медиум за катстрофалната состојба во која се наоѓа спортската сала Нико Нестор од Струга. Во неа, како што напишаа: „Салата пропаѓа бидејќи не се знае кој е сопственик и кој ја стопанисува“ односно дека правниот субјект Сојуз на спортови кој до сега ја стопанисувал бил под стечај (?).
Па затоа решивме подлабоко да се запознаеме со овој проблем на стружани. Во име на вистината и објективното информирање се обидовме да го контактираме претседателот на Сојузот на Спортови од Струга, Ѓорѓи Чуркоски и директорката на СОУ „Нико Нерстор“ Струга и Кети Јанкоска, но за жал ниту еден од нив не ни одговори на повиците, затоа решивме сами да го истражиме случајот собирајќи ги сите информации кои ни стојат на располагање од институциите, клубовите и објавите на социјалните мрежи.
Накратко за салата Нико Нестор од Струга. Можеби не е за верување, но истата е спортска арена во која функционираат и се натпреваруваат неколку суперлигашки спортски клубови во ракомет и кошарка. Ако денес влезете во неа ќе ве затекне атмосфера на руина и распад налик на објектите после чернобилската катастрофа. Покрај искршените стакла на страната, честото паѓање на кровните стакла за време на тренинзите и натпреварите, прокиснувањето, дотраената електрична инсталација која колабира на секој половина час. Ќе ве затекне и одвратна миризба која се шири од санитарните јазли од подтрибинскиот простор и мувла на ѕидовите која се таложела долги години. Подлогата на салата пак, многу стар и дотраен линолеум поставен пред речиси пеесет години, на места до толку деформиран што спортските топке не отскокнуваат воопшто.
Чија е спортската сала?
На документ истата и припаѓа на СОУ „Нико Нестор-Струга“ и Сојузот на спортови Струга кој е правен наследник на Сојузот за Физичка Култура –СОФК-а, важна спортска организација која во минатото го организираше целокупниот спортски живот во градот и ја организираше популарната Спортска вечер се до 2014 година.
Нејзин претседател е Ѓорѓи Чуркоски, а управниот одбор е сочинет од :
Никола Попоски- Пинг Понг клуб Струга;
Здравко Стефаноски – Шаховски куб Стефо Балто
Фијат Шате – ФК Влазними
Драган Ќелешоски – КК Црн Дрим
Владимир Кавај- Едриличарска федерација
Никола Таштаноски- ФК Караорман
Јован Трпеноски ЖРК Стружанка
Арбен Борова ОФС Струга
Наумче Мојсоски – РК Струга
Илија Николиќ- Кајакарски клуб Црн Дрим
Гоце Трајаноски – Стрелачки сојуз
Ристо Талевски – Тријатлон клуб Титани
Здравко Голабоски – Веслачки клуб Црн Дрим
Ѓорѓија Стојанов- Џудо клуб Црн Дрим
Дел од нив се одзваа на нашето барање за подробни информации за функционирањето на Сојузот со одговор дека до сега никој, никогаш не ги повикал на состанок, а камоли на годишно собрание и дека не се запознаени за стопанисувањето со спортската сала бидејќи ниту еднаш не биле свикани да им се даде отчет за финансиското работење.
Кој е Ѓорѓи Чуркоски?
Според документите од централниот регистар на Република Македонија, Ѓорѓи Чуркоски е пензионер, претседател на Спортскиот Сојуз –Струга, Претседател на пливачкиот клуб Струга, член на неколку управни одбори на спортски клубови, поранешен претседател на ФК Караорман, Поранешен претседател на ОО СДСМ Струга и поранешен директор на Центарот за култура Браќа Миладиновци од Струга. За неговото име се врзани неколку контроверзии меѓу кои и бесправното тампонирање на струшкото пливалише во време на пандемијата и рестрикциите за движење на населението.
Што велат стружани?
Еден спортист вели:
„Срамота е ова што се случува со салата, но некако сега им текна да се разбудат и да поставуваат прашања и тоа преку медиум на новинарот Трпеноски, побратим на Наумче Мојсоски кој како претседател на Агенцијата за Спорт и млади една шајка не закова во салата, а воедно беше и претседател на клубот и член на управниот одбор на Сојузот кој ја стопанисува салата…“
Еден професор по физичко образование тврди:
„Салата ја користиме претпладне и е ужасна, во секој момент може да ни се случи катастрофа налик на онаа во Кочани. Чувај боже! Вратите се швајцувани со железни мрежи, еден нема да се спаси ако дојде до катастрофа“.
Еден поранешен спортист и репрезентативец прашува: Кој го штити Ѓоко Чурка пред законот кога сите знаеме дека е латентен криминалец?
„Долги години зема пари од клубовите кои се уплаќаат на сметката на сојузот, како тоа бил сојузот под стечај? Тоа не е фирма! Кој го спаси од криминалите во Дом на култура од каде што беше избркан? Кој му направи поле да го оштети ФК Караорман преку тужби и да му земе големи отштети? Кој го спаси во дубиозното издавање на шанкот на Пливалиште во кој од струен удар од неправилно инсталирана струја починаа нашите сограѓани докторите Јоско и Кире и малдиот Шишко? Како е возможно сега да се разбудат заедно со директорката Кети и управата на РК Струга дека салата не чини кога тие ја стопанисуваат заедно од 2014 година? Аман доста веќе со тој Ѓоко- гробарот на струшкиот спорт“.
-На кој градоначалник да му се отстапи спортската сала, на оној истиот што дозволи наводна спортска сала на брегот на езерото, а испадна салон за свадби и веселби? На оној ли градоначалник што насилно влезе во старата училишна зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“ и си ја претвори во општинска зграда за потоа на неа да постави табла со глорификација на фашистичката окупација? На истиот ли градоначалник што катадневно дозволува узурпација на државното земјиште од страна неговите локални шерифи? Уште тоа остана да му се даде на Рамиз Мерко па да не остане ниту еден македонски коуб во салата!- додава еден поранешен член на Спортски сојуз струга
Поради лична безбедност побараа да останат анонимни.