Приведен кумановец со 1,68 промили алкохол – Паланчанец со товарно возило излетал од пат, имал 1,57 промили алкохол

СВР Куманово приведе две лица кои возеле во алкохолизирана состојба со 1,57 и 1,68 промили во крвта.

Вчера во 23.20 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода А.М. (37) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека А.М. управувал патничко моторно возило „рено“ под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,68 промили.

Околу 20 минути по полноќ, лишен од слобода бил и М.П. (34) од Крива Паланка.

-Тој на 01.04.2025 во 22.10 часот на магистрален пат Крива Паланка- Деве Баир со товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот. М.П. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом во Крива Паланка, а било констатирано дека има 1,57 промили алкохол во крвта, информира МВР.

Против двете лица ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Слични