Филипче: Разговорот со Мицкоски беше конструктивен

Во Владата заврши средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.

Во изјавата по средбата Филипче оцени дека разговорот бил конструктивен како и дека тие се договориле да бидат формирани работни групи кои ќе работат на реформската агенда во делот на правосудството, енергетиката и здравството.

„Имавме навистина конструктивен состанок со премиерот. Договоривме да работиме на начинот, да форимираме тела и работни групи за спроведување на реформската агенда. Значи првичните закони во делот на правосудството, понатаму енергетиката и некои работи околу стратешките движења во здравството. Ова е првичен состанок, да видме каква ќе биде методологијата“, рече Филипче.

Тој рече дека немаат договорено следна средба, но дека ќе делегира стручни лица од енергетиката и правосудството. Посочи дека очекува сите политички партии да седнат на маса за овие теми.

„Разговаравме за Евроинтеграциите, имаме различни позиции, за ова дополнително ќе разговараме“, посочи Филипче.

Според него, следен логичен чекор е лидерска средба.

Филипче не соопшти кога ќе има следна средба со премиерот.

Слични