Седуммина загинати во несреќа со мигранти во близина на Лезбос
Безживотните тела на уште три лица биле извлечени од морскиот дел северно од грчкиот остров Лезбос, со што бројот на загинати откако чамец со бегалци и мигранти се преврте, се зголеми на седум, а спасени се 23 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Крјабрежната служба информираа дека од рано утрово во тек е спасувачката акција во вода, на копно и од воздух, вклучени се три патролни бродови, еден брод што плови во близина, четири возила и хеликоптер на военото воздухопловство.
Спасени се 23 бегалци и мигранти, првично беа извлечени четири безживотни тела, а подоцна уште три, додека акцијата продолжува за пронаоѓање на исчезнати.
Според грчките медиуми во чамецот имало 31 лице.