Стојаноски на средба со конгресменот Џон Рутерфорд: Македонија има пријатели

Пратеникот од македонското Собрание, Бојан Стојаноски во рамки на посетата на Вашингтон и Конгресот на САД, остварил средба со конгресменот Џон Рутерфорд.

Рутерфорд е дел од Претставничкиот дом на САД и има значајна улога во безбедносните, правосудните прашања, но и во економијата, даночната политика и друго.

-Разговаравме за економската политика во Република Македонија која се базира на зголемување на животниот стандард на граѓаните, раст на платите и пензиите, отварање на нови работни места, реализација на капитални проекти, привлекување на странски инвестиции и инвестиции во општините. Особен фокус ставивме на значењето на привлекувањето на странски директни инвестиции како и на политиката за привлекување на истите во нашата држава, објави на социјалните мрежи Стојаноски.

Додаде дека Македонија има пријатели, а САД остануваат наш силен партнер и сојузник.

Слични