ВИДЕО: Унгарскиот претседател Суљок се сретна со Нетанјаху

Унгарскиот претседател Тамаш Суљок денеска се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во претседателската палата Шандор во Будимпешта.

На средбата, Суљок и Нетанјаху разговарале за статусот на билатералните односи, идните можности и актуелните меѓународни предизвици, како и за проблемот со антисемитизмот, се наведува во соопштението од палатата Шандор.

Двајцата лидери се согласиле дека споделуваат исти ставови за прашања поврзани со безбедноста, националниот суверенитет и националниот идентитет, пренесува МТИ.

Суљок рече дека е убеден дека силен Израел е од суштинско значење не само за безбедноста на Блискиот Исток, туку и за Европа, за заштитата на европската еврејска заедница и борбата против антисемитизмот.

Слични