ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на отворена сцена денес го фалеше Заев, се покажа дека е чувар на фотелја
Венко Филипче на отворена сцена денес го фалеше Зоран Заев. Со други зборови тој кажа дека народот треба да му биде благодарен што Заев ја водеше држава, што го смени името, ја упропасти економијата, што СДС стана безгласна буква преку ДУИ, Артан и Ахмети, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Венко Филипче не чувствувал одговорност за модуларната болница, и кажа дека понудил оставка, а не кажа дека заеднички со Заев одлучија да продолжи да биде министер за здравство и оставката беше само блеф кој народот не ја проголта. Венко Филипче е продолжение на црнилата, криминалот, предавствата и поразите на Зоран Заев. Тој нема никаков кредибилитет. Тој е само чувар на фотелјата и продолжена рака на Зоран Заев, велат од владејачката партија.