Николоски: Пријателска средба со Мевлут, мој и на Македонија голем пријател
Пријателски разговор со Мевлут Чавушоглу, пратеник во Турскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи на Република Туркије”, напиша на фејсбук профилот, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
“Разговаравме за долгогодишната соработка помеѓу двете држави како и за можностите за засилена соработка во делот на економијата и потенцијални нови инвестиции.
Соработката и пријателството помеѓу двете држави и во иднина ќе ги зајакнуваме и продлабочуваме”, напиша вицепремиерот Николоски.