Премиерот Христијан Мицкоски утре во посета на општина Тетово
Претседателот на владата на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во 12:00 часот ќе изврши увид во градежни активности на проектот „Изградба на булевар Видое Смилески Бато, I фаза од Фуштанска до село Порој“ во општина Тетово, информираат од владата.
Проектот опфаќа изградба на коловоз, разделен појас, тротоари, фекална и атмосферска канализација, водовод и електрика.
Вкупната должина на булеварот изнесува 1.783 метри, а со првата фаза се реализирани 650 метри.
Предвидено е во 12:20 часот изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.