Исени: Со изборот на Филипче за претседател на СДСМ, Мицкоски ќе владее минимум уште 10 години

Денеска, со изборот на Венко Филипче за претседател на СДСМ, Христијан Мицкоски не само што доби политички подарок, туку му се гарантира и минимум уште десет години на власт, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук политикологот Џенсур Исени.

-Наместо да понудат визија, нова енергија и кредибилен лидер кој може да му парира на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ реши да оди со кандидат кој веќе еднаш беше дел од нивната ерозија. Со вакви “стратегии”, Мицкоски на локалните избори нема потреба ниту кампања да прави, опозицијата самата му ја завршува работата, пишува меѓудрогото Исени во својата објава.

Слични