Утре засилен северен ветер, наместа со услови за провејување на слаб снег
Засилен северен ветер ќе дува утре во текот на денот, со брзина од над 70 километри на час, а наместа ќе има услови за провејување на слаб снег, информираат од УХМР.
Како што најавуваат, во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито, со температури под просекот за овој период од годината.
Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните во постепен пораст.