Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја стресе Грција
Земјотрес вечерва е регистриран во Грција, со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала.
Според податоците од сеизмолошките станици, длабочината на земјотресот изнесува 7 километри.
Епицентарот на потресот бил лоциран во близина на Патра, во западниот дел на земјата. Засега нема информации за нанесени штети или повредени лица.